logo
logo
logo

Ова го може само “специјалниот“! (ВИДЕО)

Vecer | 11.12.2023

Ова го може само “специјалниот“! (ВИДЕО)

Жозе Мурињо и се е можно, се можеш да очекуваш од него кога е покрај аут линијата или на тренерската клупа. Спектакл, се во интерес на својот тим да дојде до позитивен резултат.

Па така и синоќа на мечот Рома – Фиорентина кога прво напиша една порака на лист хартија а потоа преку едно од децата што собира топки му ја прати пораката на својот голман Патрисио.

Нестварно.

А потоа имаше уште едно шоу од негова страна. Имено по завршувањето на мечот, беше 1:1, тој помина “мртов ладен“ покрај микс – зоната без да даде изјава.

Жозе без изјава!?

Навистина чудно. Веројатно ако говореше ќе кажеше нешто за судиите, вака подобро што молчеше.

Веднаш по тој настан раководството на Рома излезе со соопштение, но не ја кажаа причината за таквиот потег на нивниот тренер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk