logo
logo
logo

ОФИЦИЈАЛНО: Ливерпул го претстави најскапото засилување во историјата

Vecer | 20.06.2025

ОФИЦИЈАЛНО: Ливерпул го претстави најскапото засилување во историјата

Денес и официјално екипата на Ливерпул го објави трансферот на најскапото засилување во историјата на англискиот клуб, Флоријан Вирц. За потписот на германецот Ливерпул уздвои дури 136 милиони евра, вклучувајќи и бонуси.

„Многу сум среќен и горд. Чекав долго време – и сега конечно се случи, навистина сум пресреќен. Возбуден сум за оваа нова авантура која што е пред мене. Сакав да пробам нешто сосема ново, да ја напуштам Бундеслигата и да  заиграм во Премиер лигата. Се надевам дека ќе го дадам најдоброто од себе. Разговарав и со некои фудбалери кои играа таму и ми рекоа дека е совршено место за мене, таму можеш да уживаш во секој натпревар. Со нетрпение го очекувам мојот прв натпревар“-изјави Вирц.

22-годишниот фудбалер за врска е најскапото засилување во историјата на Ливерпул, но и во историјата на Премиер Лигата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk