logo
logo
logo

Неверојатно: Ливерпул за Исак ќе мора да “искешира“ 300 милиони евра!

Vecer | 25.07.2025

Неверојатно: Ливерпул за Исак ќе мора да “искешира“ 300 милиони евра!

ФОТО: FC Liverpool/FB

И дефинитивно Ливерпул следната сезона ќе го има еден од најдобрите тимови и не само во Премиерлигата. Флоројан Вирц, Уго Екитике се веќе потпишани, да не заборавиме на Керкез и Фримпонг, а на чекор од “Енфилд“ е и фантастичниот шведски напаѓач на Њукасл, Александер Исак.

Преговорите веќе се во поодмината фаза, се чека само на официјализирање на трансферот. Мал “проблем“ е тоа што Ливерпул нуди 140 милиони евра отштета и плус бонуси, додека Њукасл не сака да чуе да го даде својот фудбалер за помалку од 175 милиони евра.

Последните информации велат дека двете страни би можеле да се договорат за сума од 170 милиони евра.

Ако навистина Ливерпул се сложи да му исплати на Њукасл 170 милиони евра, тогаш севкупно овој трансфер би ги чинел “Редси“ околу 300 милиони евра. На таа сума од 170 милиони евра треба да се пресмета плус и провизијата на агентот како и плус петте годишни плати и тоа нето на самиот фудбалер.

Па така се доаѓа до сумата од 300 милиони евра.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk