logo
logo
logo

Милан се согласи да му го продаде Тиао на Њукасл

Vecer | 09.08.2025

Милан се согласи да му го продаде Тиао на Њукасл

фото: AC Milan (X)

Милан ги финализира последните детали за трансферот на дефанзивецот Малик Тиаo во англиски Њукасл. „Росонерите“ веќе најдоа двајца млади италијански централни дефанзивци како потенцијални замени за Германецот.

Според Микеле Криситиело, Њукасл се договорил со Милан за трансфер на германскиот дефанзивец за околу 35 милиони евра плус до 5 милиони евра бонуси. Остануваат да се средат само неколку ситни детали.

Откако ќе се комплетира трансферот на Тиао, Милан ќе се фокусира на наоѓање замена во двајцата млади италијански дефанзивци Џовани Леони и Пјетро Комуцо.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk