logo
logo
logo

Менуваат тренери на два месеци: Овиедо го отпушти и Карион

Vecer | 14.12.2025

Менуваат тренери на два месеци: Овиедо го отпушти и Карион

фото: Real Oviedo (X)

Луис Мигел Карион доби отказ од позицијата тренер на шпански Овиедо.

Шпанскиот тренер веќе го водеше клубот во сезоната 2023/24, но се врати на кормилото пред неполни два месеци, потпишувајќи договор до крајот на сезоната.

„Сините“ победија само на два натпревари оваа сезона и поминаа два и пол месеци без победа во сите натпреварувања. Денес, Овиедо загуби со 4-0 од Севиља во 16-тото коло од Ла Лига, што беше и причина Карион од вечерва да си бара нова работа.

„Реал Овиедо им се заблагодарува на Луис Карион и на неговиот тим за нивната посветеност, професионализам и напорна работа во клубот и им посакува се најдобро во нивните идни кариери“, се вели во соопштението на Овиедо.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk