logo
logo
logo

Мбапе и Вини за сигурна победа на Реал на гостувањето кај Овиедо

Vecer | 24.08.2025

Мбапе и Вини за сигурна победа на Реал на гостувањето кај Овиедо

фото: Real Madrid (X)

Фудбалерите на Реал Мадрид славеа на гостувањето кај Овиедо со 3:0 во вечерашниот дуел од  второто коло на шпанската Примера.

Реал трпеливо ја плетеше мрежата во противничката половина и на првата голема шанса за гол чекаше до 37-та минута, кога Чуамени со старт пресече еден напад на домашните, Арда Ѓулер мајсторски го проигра Килијан Мбапе, на кого не му требаше многу простор за да ја затресе противничката мрежа.

Во вториот дел малку падна темпото на игра на гостите, Овиедо успеваше достојно да парира, но во завршнцата Реал ги искористи грешките на домашните и практично ја потврди победата. Во 82-та минута, кога Сибо ја погоди стативата од голот на Куртоа и не успеа да израмни, веќе вос ледниот напад  Винисиус успеа да го проигра Мбапе кој по вторпат го совлада домашниот голман за 0:2.

Конечниот резултат го постави Винисиус со гол во третата минута од судиското продолжение.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk