logo
logo
logo

Марчињак назначен за главен судија на мечот меѓу Реал и ПСЖ

Vecer | 07.07.2025

Марчињак назначен за главен судија на мечот меѓу Реал и ПСЖ

Полскиот судија, Симон Марчињак ќе ја дели правдата на полуфиналниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ од Клупското светско првенство. Марчињак веќе му судеше еден натпревар на шпанскиот гигант, во осминафиналето против екипата на Јувентус.

Полскиот судија во тековната сезона ја делеше правдата на натпреварот помеѓу Барселона и Интер во ЛШ, кој заврши со резултат 4:3 во корист на италијанскиот тим. Тогаш од таборот на Барселона, Марчињак доби жестоки критики за неколку одлуки кои според нив биле во корист на Интер.

Полуфиналниот натпревар помеѓу Реал и ПСЖ ќе се одигра во среда од 21 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk