logo
logo
logo

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е неправеден! Тотенхем ја заслужи победата!

Vecer | 14.08.2025

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е неправеден! Тотенхем ја заслужи победата!

Фото: ПСЖ Твитер

Фудбалерите на ПСЖ го освоија Суперкупот на УЕФА совладувајќи го Тотенхем по изведување пенали со резултат 4:3. По регуларните 90 минути резултатот беше 2:2.

Тренерот на Парижаните, Луис Енрике, по натпреварот изјави:

„Мислите ли дека го заслуживме ова? Мислам дека Тотенхем заслужи да победи. Првите осумдесет минути ние тоа не го заслуживме. Мислам дека Тотенхем ја заслужи победата бидејќи се чувствуваше дека се во форма и дека тренираат веќе шест недели. Играа одличен натпревар. Ние тренираме само шест дена и морам да кажам дека имавме многу среќа. Моите играчи веруваа до последната минута.

Тие одиграа одлично, а ние тренираме само шест дена. Понекогаш фудбалот е неправеден и морам да кажам дека во последните десет минути имавме многу среќа што постигнавме два гола. Морам да истакнам дека моите играчи, како и нашите навивачи, веруваа до последната минута, но фудбалот е непредвидлив и во тој поглед морам да признаам дека имавме многу среќа.“


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk