logo
logo
logo

ЛШ: Ц.Звезда без проблеми во 3.коло, деби на Арнаутовиќ, “Делиите“ се пресметаа со полицијата!

Vecer | 29.07.2025

ЛШ: Ц.Звезда без проблеми во 3.коло, деби на Арнаутовиќ, “Делиите“ се пресметаа со полицијата!

ФОТО: FK Crvena Zvezda/FB

Очекувано, лесно и убедливо за Ц.Звезда вечерва на “Маракана“ со 5:1 го победи Линколн од Гибралтар и со тоа си обезбеди пласман во следната трета фаза во квалификациите во ЛШ, и тоа со севкупни 6:1.

Стрелци на головите за српскиот шампион беа Катаи, Иваниќ, Дуарте, Милсон и Ндиаје. Да кажеме дека во игра во второто полувреме влезе и Марко Арнаутовиќ, ова беше негово деби, имаше шанси за гол, но не успеа да се запише во листата на стрелците.

Инаку пред почетокот на мечот, имаше голем инцидент пред стадионот кога фановите на Ц. Звезда се пресметаа со полицијата.

На останатите мечеви вечерва од 2.коло во ЛШ, Зрински одигра дома 2:2 со Слован Братислава и со тоа беше елиминиран. За шампионот на БиХ не настапи Дарко Велковски.

Каират со 3:0 го победи КуПС и со тоа оди натаму. Копенхаген како гостин славеше против Дрита со 0:1 и се пласира во следната фаза. Таму е и Динамо Киев кој вечерва славеше против Хамрун од Малта со 3:0.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk