Арсенал има предност од 0:1 на гостувањето во Мадрид против Атлетико во второто полуфинале на Лигата на шампионите. По првото полувреме во меч во кој и двата тима покажаа дека сакаат да играат офанзивен фудбал, видовме неколку добри шанси и на двете страни, но за погодок чекавме до самиот финиш на првиот дел.
Имено, во 43. минута домашниот дефанзивец Ханцко со тело стартуваше врз Ѓокереш кој заземаше позиција во шеснаесетникот на Облак, аМакиеле без размилсување покажа на белата точка. Швеѓанецот сам ја реализираше најстрогата казна за предност на Англичаните.