logo
logo
logo

ЛШ (плеј-оф): Пафос ја шокираше и Ц. Звезда, Бриж и Карабах на чекор до главната фаза

Vecer | 19.08.2025

ЛШ (плеј-оф): Пафос ја шокираше и Ц. Звезда, Бриж и Карабах на чекор до главната фаза

Гостинска доминација на првите плеј-оф натпревари за пласман во главната фаза на Лигата на шампионите на УЕФА. Фудбалерите на Црвена Звезда изненадувачки беа поразени на домашен терен од екипата на кипарски Пафос со 1:2 и сериозно ги намалија своите шанси за пласман во главниот дел од најсилното европско натпреварување.

Гостите поведоа уште по неполна минута од стартот на мечот кога Жоао Кореиа постигна прекрасен гол за водство на гостите. Со удар од белата точка во 52. минута, Пепе им донесе на гостите предност и од 0:2, додека белграѓани исто така по изведен пенал преку Бруно Дуарте само намалија на 1:2 во 58. минута.

Убедлив триумф на гости со голем пресврт во вториот дел обезбеди азербејџански Карабах, кој во минатото коло ја елиминираше Шкендија. Карабах иако губеше со 1:0 на полувреме (Варга ’29), сепак со фантастично второ полувреме во кое постигна три гола на крајот заминува на домашен реванш со голем апредност од 1:3. Головите за Карабах ги постигнаа Јанковиќ ’57, Медина ’60 и Гурбанли ’85.

Идентичен триумф на гости обезбеди и Бриж. Белгијците за едно полувреме ги урнаа надежите на Глазгов Ренџерс. Вермант ‘3, Шпилерс ‘7 и Мехеле ’20 донесоа убедливи 0:3 за гостите. Ренџцерс во второто полувреме возврати преку Переира во 50. минута, а потоа имаше уште еден гол, кој беше поништен поради прекршок.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk