Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, конечно го прекина молчењето за постојаните шпекулации што го поврзуваат со трансфер во Барселона, потврдувајќи дека интересот на каталонскиот клуб е реален. Во изјава за време на Гран Гала дел Калчо, аргентинскиот напаѓач откри зошто одлучил да остане во Милано.
Аргентинскиот репрезентативец беше силно поврзуван со трансфер на Камп Ноу за неколку преодни рокови, но договорот никогаш не се реализираше. Сега самиот играч потврди дека можноста да се приклучи на еден од најисториските клубови во светот била реалност со која се соочил.
„Гласините за мој траансфер Барселона беа вистинити, но на крајот сакав да останам тука, со моите соиграчи и навивачите“, рече 27-годишникот.
Лојалноста кон „нероаѕурите“ преовлада. И покрај повиците од Ла Лига, Мартинез објасни дека неговото срце останало во Милано, истакнувајќи ја „длабоката врска“ што ја создал со навивачите на Сан Сиро и соблекувалната на Интер. Оваа врска се покажа како посилна од искушението за трансфер во Шпанија.
Напаѓачот ги изрази своите силни чувства кон клубот:
„За мене, Интер е гордост, среќа и желба да продолжам. Одлучив повторно да останам тука, сакам да постигнам големи работи со Интер“.