logo
logo
logo

Кремонезе го шокираше Милан на Сан Сиро, Рома сигурна

Vecer | 23.08.2025

Кремонезе го шокираше Милан на Сан Сиро, Рома сигурна

Екипата на Кремонезе славеше со 1:2 на натпреварот против фаворитот Милан на стартот на новата сезона во Серија А. Дебито на еден од најдобрите фудбалери во историјата Лука Модриќ, го засени бледата партија на „росонерите“ кои не покажаа речиси ништо на вечерашниот меч. Масимилијано Алегри се врати на тренерската позиција во Милан и го доживеа првиот пораз сезонава.

Баскирото го отвори резултатот во 28-та минута и му донесе водство на гостинскиот тим. До крајот на првиот дел Страхиња Павловиќ погоди во 46-тата минута, но во 61-та минута Бонацоли постигна фантастичен гол со ножички и повторно го врати Кремонезе во водство. Милан потоа не успеа да се врати во натпреварот и ја започна новата кампања во Италија со пораз.

На вториот натпревар кој се одигра вечерва Рома со 1:0 ја совлада Болоња. Единствениот погодок на мечот го постигна Весли Франко во 53-тата минута.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk