logo
logo
logo

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Vecer | 13.12.2025

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми.

По пристигнувањето во Калкута, Меси беше пречекан од голем број навивачи кои се собраа на улиците на градот, поради што од аеродромот беше евакуиран по алтернативна рута.

Инцидентот се случил за време на еден од планираните настани во рамки на неговата турнеја, а навивачите биле незадоволни затоа што Меси на теренот поминал само пет минути, додека најголемиот дел од времето го минал во друштво на политичари и моќници од Калкута, Западен Бенгал и Индија.

Главната министерка на сојузната држава Западен Бенгал, Мамата Банерџи, им се извини на Меси и на јавноста поради пропустите во организацијата и нареди спроведување истрага.

Меси престојува во Индија првпат од 2011 година. За време на актуелната посета е планирано да учествува на концерти, фудбалски кампови за млади, падел-турнир и хуманитарни настани во Калкута, Хајдерабад, Мумбаи и Њу Делхи.

Во Калкута, по повод неговата посета, беше поставена и статуа на Меси висока околу 21 метар, која аргентинскиот фудбалер треба официјално да ја открие за време на престојот во градот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk