Како никогаш досега, се чини дека во Реал Мадрид владее вистински хаос. Ретко кој од играчите е задоволен од Арбелоа, а Дани Себаљос посебно. Па така тој направил нешто што е невообичаено за член на “кралевите“.
Имено тој пред неколку дена се простил од своите соиграчи нагласувајќи дека ќе си оди од Реал Мадрид, а на тренерот Алваро Арбелоа му порачал да не му се обраќа, дека за него не постои. Јасно е дека по ова враќање нема и дека Себаљос заврши со Реал Мадрид.
Инаку целата ситуација кулминирала кога за време на тренинг играчот за врска од својот тренер побарал разговор. Истиот се одвивал на повисок тон а Себаљос просто збеснал.
Во меѓувреме шпекулира дека Бетис е силно заинтересиран за Дани Себаљос и дека во летниот преоден рок најверојатно ќе го потпише.