logo
logo
logo

Исак го обвини Њукасл дека го излажале, клубот му одговори: Врати се на тренинг!

Vecer | 20.08.2025

Исак го обвини Њукасл дека го излажале, клубот му одговори: Врати се на тренинг!

фото: Just Bizarre Tactics (X)

Од екипата на Њукасл денеска одговорија на изјавата на нивниот напаѓач Александар Исак, кој вчера објасни зошто одбил да игра и да тренира со „страчките“. Тој во објава на социјалните мрежи напиша дека првите луѓe на клубот му ветиле дека ќе го продадат, а потоа ја смениле реториката. По оваа негова објава, со свој став се јави и англискиот клуб.

„Разочарани сме и загрижени од објавата на Исак на социјалните мрежи денес. Нашиот став е јасен: Алекс е под договор и ниту еден претставник на клубот не даде никакви гаранции дека Алекс ќе може да го напушти Њукасл ова лето“, велат од Њукасл.

„Сакаме да ги задржиме нашите најдобри играчи, но исто така разбираме дека играчите имаат свои желби. Како што им објаснивме на Алекс и неговите претставници, секогаш мора да ги земеме предвид интересите на Њукасл, тимот и нашите навивачи кога донесуваме какви било одлуки. Алекс останува дел од нашето семејство и со нетрпение очекуваме да го пречекаме назад кога ќе биде подготвен“, се вели во соопштението на англискиот клуб.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk