logo
logo
logo

Интер Мајами пропушти победа по враќањето на Меси, Касемиро постигна автогол (ВИДЕО)

Vecer | 02.08.2026

Интер Мајами пропушти победа по враќањето на Меси, Касемиро постигна автогол (ВИДЕО)

Фото: Интер Мајами Х

Лионел Меси го одигра својот прв натпревар за Интер Мајами после завршувањето на Светското првенство. Аргентинецот не можеше да му помогне на тимот, кој одигра 2-2 против Колумбус Кру и ја пропуштија можноста за лидерската позиција во Источната конференција.

Инаку, Меси го започна натпреварот на клупата и се појави кратко по паузата во 53-тата минута, кога го замени 19-годишниот талент  Даниел Пинтер. Меѓу стартерите беше Луис Суарез, кој го пропушти Светското првенство, како и ѕвезденото засилување од зимскиот преоден рок, Родриго де Пол, и најновото ѕвездено засилување, Касемиро, кој доста разочара со својот настап.

Суарез донесе водство од 1-0 во 16-та минута, додека Касемиро постигна автогол во 34-та минути. Ална повторно донесе водство на Интер Мајами, но противникот во самиот финиш на дуелот израмни на 2-2.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk