logo
logo
logo

Фрајбург му „откина“ бод на Дортмунд

Vecer | 14.12.2025

Фрајбург му „откина“ бод на Дортмунд

Екипата на Фрајбург предмалку дојде на домашен терен до многу значаен и вреден бод во ремито 1:1 против тимот на Борусија Дортмунд.

Фаворитот во Фрајбург пристигна со амбиција да ги освои трите бода, но на крајот мораше да се задоволи само со еден.

Гостите поведоа во 31. минута преку Бенсебаини, а потоа следуваше веројатно клучниот момент за нивен триумф. Белингем доби директен црвен картон во 53. минута, за да дваесетина минути подоцна домаќинот преку Лукас Холер дојде до посакуваното израмнување.

Во 87. минута Матановиќ постигна гол но истиот беше поништен поради офсајд.

По 14. кола, Дортмунд е трет со 29. бодови, додека пак Фрајбург е деветти со 17 поени на контото.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk