logo
logo
logo

Флоријан Вирц е избран за фудбалер на годината во Германија! (ФОТО)

Vecer | 10.08.2025

Флоријан Вирц е избран за фудбалер на годината во Германија! (ФОТО)

ФОТО: LiverpoolFC/FB

Играчот од средниот ред на Германија и ЛиверпулФлоријан Вирц, е прогласен за германски фудбалер на годината во гласањето организирано од спортското списание „Кикер“.

Вирц доби 191 глас, 110 повеќе од второпласираниот Михаел Олисе (Баерн Минхен, 81 глас). Младата ѕвезда на Штутгарт, Ник Волтемаде беше трет со 71 глас. Гласаа 633 членови на Германското здружение на спортски новинари.

Во фудбалот, личното признание на индивидуалните играчи е секогаш и пред сè награда за тимот. Сфаќам дека сè уште имам многу работа пред мене за да ги исполнам сите очекувања што доаѓаат со наградата за Фудбалер на годината“, сподели Вирц .

Иако во последната сезона Вирц со својот Баер Леверкузен не беше шампион, како претходната, сепак со своите импресивни настапи во дресот на “фармацевтите“ ги “натера“новинарите во Германија да гласаат за него.

Да потсетиме дека ова лето најдобриот германски фудбалер се пресели во Ливерпул.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk