logo
logo
logo

Екитике: Задоволен сум, но можам да направам повеќе

Vecer | 16.08.2025

Екитике: Задоволен сум, но можам да направам повеќе

Уго Екитике имаше силно деби за Ливерпул, постигнувајќи гол и асистенција во победата од 4-2 над Борнмут. И покрај добрите перформанси, францускиот напаѓач верува дека можеше да се покаже во уште подобро светло.

„Добра игра, но можев и подобро. Најважна е победата и нашиот дух. Сакавме да победиме за навивачите и за Диого Жота и го направивме тоа, па затоа сум среќен.

Сè уште имам многу работа. Му помогнав на тимот со она што можев, но можам да направам повеќе. Верувам дека ќе се подобрам и ќе дадам сè од себе за Ливерпул.

Како дете имав два идоли – Нејмар и Карим Бензема. Му се восхитувам на Бензема за сè што постигна во фудбалот“, откри поранешниот играч на Ајнтрахт Франкфурт.

Со својот гол и асистенција, Екитике стана вториот играч на Ливерпул што постигнал такво достигнување во своето деби во Премиер лигата по Дарвин Нуњес во 2022 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk