logo
logo
logo

Екитике за нова победа на Ливерпул, Челзи подобар од Евертон (ВИДЕО)

Vecer | 13.12.2025

Екитике за нова победа на Ливерпул, Челзи подобар од Евертон (ВИДЕО)

Англискиот шампион Ливерпул го совлада Брајтон со 2:0 и полека покажува знаци дека излегува од страшната играчка и резултатска криза која го зафати во последните два месеци. Денеска на „Енфилд“ избраниците на Арне Слот успеаја да дојдат до нови три бода и втор меч по ред успеаја да ја задржат мрежата празна, што е дополнителен позитивен сигнал за „црвените“.

Екитике уште во 1. минута успеа да го отвори резултатот за водство на домашните од 1:0, а упорните гости имаа две извонредни шанси во првите 45. минути, но Минтех и Гомез не успеаја да ги претворат во израмнување.

И во вториот дел Брајтон создаде 100% шанса за Гомез, кој не успеа да го погоди голот на Алисон, по што стигна казната со вториот гол на Екитике во 60. минута. Салах, кој не беше стартер но влезе на местото на повредениот Гомез уште во првиот дел, изведе одличен корнер, а Екитике со глава ја затресе мрежата на гостите за убедливо водство и победа.

Челзи со идентичен резултат славеше на „Стемфорд Бриџ“ против жилавиот Евертон. Палмер и Густо ги постигнаа головите за домашните, но вреди да се спомене дека гостите имаа најмалку две зрели 100% шанси за израмнување.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk