Со головите на Витиња и Остигард во вториот дел од дуелот, тимот на Џенова успеа на гостински терен да ја совлада Верона со конечни 0:2 во првиот дуел од денешната програма во Серија А.
Гостите на овој меч ги искористија своите шанси за разлика од домаќинот и заслужено ги носат трите бода дома.
Со овој триумф Џенова стигна до 33 бода и 13 место на табелата, а Верона веројатно си стави печат на својата виза кон Серија Б следната сезона. Има уште доста да се игра сезонава но овој тим со само 18 освоени бодови има „планина за искачување“ за да се спаси од релегација.