logo
logo
logo

Дваесет милиони евра доволни за Јунајтед да се ослободи од Санчо

Vecer | 21.07.2025

Дваесет милиони евра доволни за Јунајтед да се ослободи од Санчо

Фото: ФЦ Челзи/Твитер

Некогашната мега звезда Џејдон Санчо најверојатно ќе се најде во Торино, и ќе стане дел до тимот на Јувентус. Напаѓачот е цел на овој клуб, откако одамна е јасно дека за него нема место на Олд Трафорд, па тој летово час поскоро треба да најде клуб.

Јувентус првично понудил 15 милиони евра, што било одбиено, но пет милиони повеќе ќе бидат доволно за Санчо дефинитивно да си замине од Јунајтед.

Италијанскиот клуб, исто така, ќе преземе дел од преостанатата плата што Манчестер Јунајтед сè уште му ја должи на играчот, чиј договор со „Црвените ѓаволи“ важи до летото 2026 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk