logo
logo
logo

Дон Флорентино не простува: Тој веќе нема да заигра за Реал Мадрид!

Vecer | 16.04.2026

Дон Флорентино не простува: Тој веќе нема да заигра за Реал Мадрид!

ФОТО: Real Madrid C.F./FB

Реал Мадрид беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако синоќа во реваншот загуби со 3:4 од Баерн Минхен. Тимот од Мадрид се бореше и се надеваше дека ќе го испрати натпреварот во продолжение, но црвениот картон на Едуардо Камавинга во 86-тата минута ја наруши рамнотежата, а Германците го сменија текот на натпреварот.
Откако беше објавено дека Алваро Арбелоа ќе ја напушти клупата на Реал Мадрид на крајот од сезоната и дека веќе се размислува кој би можел да биде негова замена, беше објавено и дека ќе се спроведе популарна „чистка“ во играчкиот кадар, бидејќи дури пет играчи ќе мора да бараат нови клубови на крајот од сезоната. Еден од нив е апсолутниот трагичар од синоќешниот натпревар, Едуардо Камавинга. Уште пред двомечот меѓу Реал и Баерн, имаше индикации дека Французинот би можел да потпише договор со друг клуб на лето, а ПСЖ наводно е заинтересиран за неговите услуги. Овој исход сега изгледа уште пореален, а покрај него, уште четири играчи треба да го напуштат Сантијаго Бернабеу на крајот од сезоната.

Инаку, како што медиумите во Шпанија објавија, по мечот во Минхен првиот човек на клубот Флорентино Перез влегол во соблекувалната и имал што да им каже на своите ѕвезди, посебно имал што да му каже на Камавинга. Познато е дека во 86.минута Французинот направи големна глупост кога го остави својот тим на цедило по добивањето на црвениот карртон.

Во тие моменти само Арда Ѓулер не бил присутен во соблекувалната откако Перез му рекол да искочи зошто сметал дека Турчинот бил единствениот кој одиграл на своето ниво на „Алијанц Арената“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk