logo
logo
logo

Додека Будуќност е во Ерменија, специјалната полиција им влегла во клупските простории

Vecer | 07.07.2025

Додека Будуќност е во Ерменија, специјалната полиција им влегла во клупските простории

Додека фудбалерите на црногорскиот гигант Будуќност се во Ерменија каде што утре ќе се соочат со екипата на Ноа во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, полиција од Специјалната полициска управа (СПО) влегле во просториите на клубот за да истражат сомнителни трансфери во текот на изминатите две години.

Специјалното државно обвинителство одземало документација за сомнителни трансфери, пред се Василије Аџиќ во Јувентус, Виктор Ѓукановиќ во Хамарби и Андрија Булатовиќ во Ленс.

РТЦГ претходно објави дека само од трансферот на Аџиќ на менаџерите им се исплатени два милиони евра, што е значително повеќе од дозволеното со правилата на ФИФА, бидејќи вкупната отштета изнесува 5,3 милиони. Интересно е што парите од трансферот на Аџиќ завршиле на сметката на компанијата А1 од Подгорица, во сопственост на Бранимир Иванишевиќ, иако менаџер на младиот Никшиќ е Игор Глушчевиќ.

Кога станува збор за трансферот на Ѓукановиќ, за кој шведскиот клуб плати 1,1 милион евра – од таа сума, дури 310.000 евра се исплатени на агенти. Во фудбалските кругови се вели дека заминувањето на Булатовиќ во Ленс исто така било платено со високи менаџерски провизии.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk