logo
logo
logo

Де Брујне: Нема смисла да играм на Светското клупско првенство, што ако се повредам?

Vecer | 18.05.2025

Де Брујне: Нема смисла да играм на Светското клупско првенство, што ако се повредам?

Кевин Де Брујне ги игра последните минути во дресот на Манчестер Сити. Неговиот договор истекува, истиот нема да биде продолжен, па мечевите против Борнмут и Фулан во Премиер лигата се последните негови во овој клуб.

Нормално, лично белгиецот стави крај на шпекулациите дали тој ќе биде дел од тимот на Сити, на светското клупско првенство кое што е закажано летово да се игра во САД.

„Нема смисла да се игра.Кога јас го потпишував договорот ваков вид на турнир не постоеше. Морам да се грижам за себе бидејќи ако се повредам на Светското клупско првенство, што ќе правам? Никој нема да се грижи за мене. Јас не ги поставувам правилата, не можам ништо да направам“, рече тој.

Де Брујне призна дека сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.

„Ќе донесам одлука кога ќе бидам среќен и ќе се чувствувам удобно. Сакам да ги завршам преостанатите два натпревари и тогаш ќе одлучам, но нема да биде лесно. Морам да размислувам за моето семејство. Имам три деца. Тоа не е лесен процес и одзема време.“ – додаде тој.

ФОТО kevin de bruyne x


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk