logo
logo
logo

Чудото од дете од Босна го урна рекордот на Мбапе (ВИДЕО)

Vecer | 25.06.2026

Чудото од дете од Босна го урна рекордот на Мбапе (ВИДЕО)

Фото: Фудбалска Федерација на Босна

Босна и Херцеговина го победи Катар со 3-1 во 3-то коло од Групата Б на Светското првенство, освојувајќи го третото место во групата и со тоа се пласираше во нокаут фазата. Швајцарија ја победи Канада со 2-1 и заврши на првото место во групата. Младиот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Керим Алајбеговиќ, влезе во историјата на Светското првенство. Во натпреварот против Катар, тој постигна гол со кој го сруши рекордот на Килијан Мбапе.

Со 18 години и 276 дена, Алајбеговиќ стана најмладиот играч во историјата на Светските првенства што постигнал гол надвор од шеснаесетникот. Со тоа, тој ја симна од врвот на листата француската ѕвезда Килијан Мбапе, кој го постигна својот гол на 19 години и 207 дена. Ова е официјална статистика што се води од Светското првенство во Англија во 1966 година.

Алајбеговиќ постигна гол со удар од далечина и ѝ донесе водство на репрезентацијата на БиХ против Катар. Натпреварот заврши со победа од 3-1 за „Змејовите“, што ѝ обезбеди на Босна и Херцеговина место во нокаут фазата на Светското првенство, каде што го чека домаќинот САД.

Голот на Алајбеговиќ и победата на БиХ одекнаа низ целиот свет. Фабрицио Романо исто така им оддаде почит. Најсигурниот извор од фудбалскиот пазар има 46 милиони следбеници на Инстаграм, пред кои објави фотографија од феноменот на БиХ со статус:

„Босна го победи Катар и го одржа својот сон жив! Керим Алајбеговиќ стана најмладиот стрелец на БиХ на Светското првенство.“ Килијан Мбапе брзо реагираше на објавата на Романо, со аплауз во коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fabrizio Romano (@fabriziorom)


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk