logo
logo
logo

Чеферин: Јас сум против тоа на спортистите да им се забрани да се натпреваруваат!

Vecer | 15.08.2025

Чеферин: Јас сум против тоа на спортистите да им се забрани да се натпреваруваат!

ФОТО: UEFA.COM

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин за медиумите во својата Словенија коментираше за тоа зошто и на спортистите на Израел, исто како и на Русија, не им се забрани да учествуваат во натпреварите на УЕФА.

Секако дека ова доаѓа по најновите настани во војната во Газа каде евидентно е дека недолжни луѓе се масакрираат.

Во принцип јас сум против тоа на спортистите да им се забрани да се натпреваруваат. Еве во случај со Русија спортистите од таа земја веќе 3,5 години се надвор од натпреварувањата а војната во Украина е ушто полоша. Знам дека многумина се противници на режимот ама не можат да се натпреваруваат. Но, тука спортот е многу испреплетен со политиката“ посочи првиот човек на УЕФА.

Секако дека Чеферин имаше коментар и за Израел:

Многу ми е тешко да коментирам што може да се случи. Но, во принцип, мислам дека спортистите треба да имаат можност да се натпреваруваат и дека другите работи треба да се решаваат на поинаков начин“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk