Клубот од Саудиска Арабија, Ал Шабаб објави дека го комплетирал договорот со италијанскиот играч од средниот ред Џакомо Бонавентура. 34-годишниот фудбалер ја напушти Фиорентина минатиот месеци по четири години поминати на „Артемио Франки“ и одлучи да ја продолжи кариерата на Блискиот Исток.
Поранешниот италијански репрезентативец со Ал Шабаб потпиша едногодишен договор со опција да биде продолжен на уште една. Тој претходно играше за Торино, Лацио, Џенова и Комо.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата