Во трилер реванш меч од 1/8 финалето во Лигата на Европа, вечерва среде Рим на “Олимпико“, Болоња со 3:4 ја доби италијанската пресметка и со вкупни 4:5 се пласира во следната фаза во ова натпреварување и тоа по продолженијата.
Во регуларниот дел беше 3:3, иако гостите имаа водство од 0:1 и 1:3, и во таа 111.минута Камбиаги успеа да постигне гол и да го расплаче “Олимпико“.
Па така Болоња си закажа двомеч со Астон Вила.
Инаку познати се сите четвртфинални мечеви во ЛЕ и ЛК:
ЛЕ – ДВОЈКИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕ
Брага – Бетис
Фрајбург – Селта
Порто – Нотингем Форест
Болоња – Астон Вила
ЛК – ДВОЈКИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕ
Шахтјар – АЗ Алкмар
Кристал Палас – Фиорентина
Рајо Ваљекано – АЕК
Мајнц – Стразбур
*Натпреварите се играат на 9 и 16 април