logo
logo
logo

„Билд“: Баерн и Луис Диаз се договорија, се чека на Ливерпул

Vecer | 18.07.2025

„Билд“: Баерн и Луис Диаз се договорија, се чека на Ливерпул

Фото: Ливерпул Х

Баерн и Луис Диаз се договорија за условите на личниот договор, тврди германски „Билд“.

28-годишниот крилен напаѓач се согласил на четиригодишен договор со клубот од Минхен, кој ќе му плаќа 14 милиони евра годишно пред оданочување, плус бонуси за перформанси.

Сепак, клубовите сè уште не постигнале договор меѓу себе и трансферот не може да биде затворен. Ливерпул претходно одби понуда од Баерн од 67,5 милиони евра, па сега Баварците ќе мора да испратат нова подобрена понуда.

Минатата сезона, Луис Диаз постигна 13 гола и имаше пет асистенции во 36 натпревари од Премиер лигата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk