Барселона по секоја цена бара стопер

Vecer | 31.10.2026

Барселона по секоја цена бара стопер

ФОТО:printscreen

Барселона ја активираше потрагата по централен дефанзивец, а Јошко Гвардиол од Манчестер Сити, Алесандро Бастони од Интер, Лисандро Мартинез од Манчестер Јунајтед и Натан од Бетис се издвоија како потенцијални засилувања, објавува Мундо Депортиво.
По поразите од Пари Сен Жермен и Реал Мадрид, спортскиот сектор на каталонскиот клуб процени дека засилувањето на последната линија е еден од приоритетите во следниот преоден рок.
Прва желба на Барселона е хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол, но неговото доаѓање е малку веројатно, со оглед на тоа што минатото лето го продолжи договорот со Манчестер Сити до 2031 година. Каталонците би можеле да добијат евентуална можност за негов трансфер доколку англискиот клуб се соочи со сериозни санкции поради финансиски неправилности.
Алесандро Бастони е исто така на листата на желби, но Интер тешко би се согласил да го продаде на средина од сезоната, особено со оглед на тоа што италијанскиот репрезентативец има договор до јуни 2028 година.
Пореални опции се Аргентинецот Лисандро Мартинез, чиј договор со Манчестер Јунајтед истекува следното лето, и Бразилецот Натан од Бетис.
Јунајтед би можел да размисли за продажба на Мартинез во зима за да избегне заминување без обештетување, додека историјата на повреди на аргентинскиот дефанзивец би можела да претставува проблем за Барселона.
Кога станува збор за Натан, кој има 25 години, неговата обештетување се проценува на околу 30.000.000 евра, со можни бонуси, а Бразилецот го потврди својот квалитет со добри игри и минатата и оваа сезона.
Барселона ќе ја услови можноста за реализација на трансферот со финансиски можности и евентуална продажба на играчи, но доведувањето на искусен стопер веќе е означено како еден од приоритетите.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk