logo
logo
logo

Барса со пресврт го совлада храбриот Леванте

Vecer | 23.08.2025

Барса со пресврт го совлада храбриот Леванте

фото: FC Barcelona (X)

Фудбалерите на Барселона ја совладаа екипата на Леванте со 2:3 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Вреди да се напомене дека Леванте водеше со 2:0 на полувреме, но во вториот дел Барса додаде гас и успеа да го сврти резултатот во своја полза.

Во 15-тата минута Ромеро го постигна првиот погодок на натпреварот, а во 52-та минута Моралес од пенал ја зголеми предноста на домаќините. Во второто полувреме Барса за само 3 минути успеа да ја анулира предноста на Леванте и со головите на Педри во 49-тата и Феран Торес во 52-та минута го изедначи резултатот. До крајот на натпреварот Барса редеше шанси и се обидуваше да ја скрши цврстата одбрана на домаќинот, но тоа не им поаѓаше од рака. Сепак, во 91-та минута Ламин Јамал упати центаршут во шеснаесетникот, а сопствената мрежа ја затресе несреќниот Елгезабал.

По првите две кола Барса е на првото место на табелата со максимален учинок, а Леванте се наоѓа на 18-тото место со два порази.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk