Арсенал ја загуби вербата дека може да се реализира трансфер „бомбата“ ова лето. Имено, „топчиите“ тргнаа силно во обидот да го донесат Бразилецот од Реал (М), Винисиус Жуниор, но плановите полека губат сила и надеж.
Според „Марка“, повикувајќи се на извори од Арсенал, лондончани веруваат дека имаат мали шанси да го завршат договорот. Тие дознале дека Бразилецот сепак ќе потпише нов договор со мадридскиот клуб.
Минатата сезона, Винисиус одигра 36 натпревари во Ла Лига, постигнувајќи 16 гола и имајќи пет асистенции.