logo
logo
logo

Арне Слот ја најде замената за Александер-Арнолд и тоа во Ливерпул!

Vecer | 03.05.2025

Арне Слот ја најде замената за Александер-Арнолд и тоа во Ливерпул!

Веќе неколку месеци се говори дека Трент Александер – Арнолд, еден од најдобрите десни беков во моментов во светот на фудбалот, по завршување на сезоната ќе направи трансфер во Реал Мадрид. Уште повеќе дека Трент веќе има преддоговор со “кралевите“.

Токму затоа сите со нетрпение очекуваат кој ќе биде играчот кој ќе биде замената за Трент, дали “Редси“ ќе се активираат на трансфер пазарот.

Се чини дека Арне Слот, стратегот кој во својата прва сезона му ја донесе титулата на Ливерпул, замената за Трент ја има и тоа во своите редови. Бредли Конор би требало да добие првотимски статус, се разбира ако Трент навистина направи трансфер на “Сантијаго Бернабеу“.

Исто така на таа десна офанзивна бековска позиција може да игра и Гомез.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk