logo
logo
logo

Алонсо прави чистка, закажал состанок со петмина фудбалери

Vecer | 28.07.2025

Алонсо прави чистка, закажал состанок со петмина фудбалери

Фото: Реал Мадрид X

Чаби Алонсо закажа состанок со пет играчи за 4 август, на кои, според тврдењата на шпанските медиуми, ќе им каже дека повеќе нема место за нив во клубот. Станува збор за Родриго, Ферландо Менди, Давид Алаба, Дани Себаљос и Ендрик.

Како што пишува АС, Реал е отворен за продажба на Родриго, Менди и Алаба, додека Себаљос и Ендрик сè уште имаат одредена неизвесност. Одлуката треба да се донесе по состанокот со Алонсо.

Најголемата тежина во соблекувалната наводно е Давид Алаба, кој не се согласува со раскинување на договорот, а заработува дури 22,5 милиони евра годишно. Според извештаите, тој е еден од оние на кои Алонсо дефинитивно не смета.

Најблиску до заминување досега е Бразилецот Родриго. Многу европски гиганти се заинтересирани за него, а најконкретен е Арсенал.

Реал Мадрид се впушти во сериозна реконструкција на тимот ова лето.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk