Кристијано Роналдо конечно ѝ предложи брак на долгогодишната девојка Џорџина Родригез.
Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо конечно ѝ предложи брак на својата долгогодишна девојка Џорџина Родригез по девет години врска.
Заносната Џорџина се пофали со својот голем дијамантски прстен на социјалните мрежи.
„Да, и во овој живот и во сите други животи“, напиша таа во описот.
Како што е наведено, вереничкиот прстен вреди 200.000 евра.
Долго време се шпекулираше кога фудбалерот ќе се сврши со убавата Џорџина, но тие не се огласуваа многу по прашањето.
Единствено е што Роналдо еднаш истакна дека не сака да брза и дека сè ќе се случи кога ќе дојде вистинското време.
Џорџина и Роналдо се запознаа во 2016 година кога таа сè уште работеше во бутикот Гучи во Мадрид, а фудбалерот раскина со Ирина Шајк две години претходно.
На почетокот ја чуваа својата врска во тајност.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата