logo
logo
logo

ОВА СВЕТОТ ДОСЕГА НЕ ГО ВИДЕЛ, само тој може да каже - да, доста е

Vecer | 27.07.2026

ОВА СВЕТОТ ДОСЕГА НЕ ГО ВИДЕЛ, само тој може да каже - да, доста е

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура повторно ја испиша историјата на светскиот фудбал. Популарниот „Крал Казу“ го постигна својот прв натпреварувачки гол по речиси четири години на возраст од 59 години и 149 дена.

Миура се запиша во листата на стрелци во 52-та минута од натпреварот од Купот на Јапонија помеѓу Фукушима Јунајтед и Иваки Фурукава, кога постигна гол за водство на својот тим од 5-0.

Искусниот напаѓач направи одличен продор во шеснаесетникот и ја реализираше вратената топка на соиграчот од првата, по што следеше голема прослава од неговите соиграчи и тренерскиот штаб.

Само три минути подоцна, тој го напушти теренот со овации, а Фукушима на крајот победи со убедлив резултат од 7:0 и се квалификуваше за следната рунда од натпреварувањето.

Жива легенда

Казујоши Миура ја започна својата професионална кариера во 1986 година во бразилски Сантос, а во текот на речиси четири децении играше за бројни клубови во Јапонија, Бразил, Италија, Хрватска, Австралија и Португалија.

Тоа беше првиот натпреварувачки гол на Миура од ноември 2022 година, кога постигна гол како член на Сузука ПГ, денешна Атлетико Сузука, во натпревар од Јапонската фудбалска лига против Осака.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk