Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини.
Како што информираат од Авто-мото сојузот на Македонија, на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ потсетуваат дека веќе една недела, поточно од 15 ноември возачите имаат законската обврска во возилата задолжително да имаат зимска опрема, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе важи до 15 март наредната година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата