logo
logo
logo

НОВ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ЗА ИСТОКОТ - Кочани - Виница - Делчево влегува во проектна фаза

Vecer | 29.07.2026

НОВ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ЗА ИСТОКОТ - Кочани - Виница - Делчево влегува во проектна фаза

Се подготвува изградба на експресниот пат Кочани - Виница - Делчево. Проектот е во почетна фаза, а во тек е постапка за изработка на физибилити студија која треба да ги даде основните параметри за реализација на оваа важна патна врска, изјави премиерот Христијан Мицкоски. 

Конечно се распиша тендер за проектно решение би рекол, физибилити студија Кочани-Виница-Делчево, така што генерално очекувам  состојбите и понатаму да продолжат во периодот којшто следи да се развиваат. Јас можам само да кажам дека како Влада ќе продолжиме да ги поддржуваме општините– рече Мицкоски говеорејќи за проектите кои се реализираат во оваа општина.

Тој додаде дека во оваа општина се реализираат 16 проекти и покрај тоа што општината има блокирана сметка.

Се разбира кога многу работи во минатото стоеле со децении, не можат преку ноќ да се променат, но добро е кога се оди приоритет по приоритет еве слушнавте и вие 16 проекти во моментов општината ги реализира преку онаа реалокација на финансиски средства од Владата кон општината, останатите од сопствени сили, од сопствен буџет ќе се реализираат – рече Мицкоски.

Тој како што рече очекува во текот на овој општински мандат да се одблокира сметката за да може општината нормално да функционира.

Мицкоски е задоволен, како што рече, од тоа што и во Делчево се гради како што се гради на повеќе од 1.200 локации во земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk