Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката. Оваа информација ја потврди за МИА, доктор Ратко Грков, од Итната медицинска помош во Кавадарци, кој бил на местото на повик во Росоман.
– Нашата екипа беше повикана и на лице место констатиравме убод со нож во вратот. Од повредата, жената починала на самото место, појасни Грков за МИА.
Засега нема повеќе детали за случајот. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата