logo
logo
logo

ПРВА ПРОГНОЗА: Еве каква есен ќе имаме во Македонија

Vecer | 15.08.2026

ПРВА ПРОГНОЗА: Еве каква есен ќе имаме во Македонија

Сезонските изгледи на Европскиот центар за Среднорочна прогноза (ECMWF модел) укажуваат на тоа дека есента 2026 во најголем дел од Европа ќе биде значително потопла од просекот (дури и за 2 до 3 степени потопла од повеќе годишниот просек), пишува Славчо Попоски, додавајќи дека врнежите во голем дел од Европа е бидат значително над просекот, а тоа значи дека голем дел од Европа во текот на есента би можел да се соочи со големи временски непогоди и со опасност од поплави.

Исто така и Балканот, вклучувајќи ја и Македонија очекува една топла есен со температури над просекот за есенските месеци (односно температурите ќе бидат за околу 2 степени повисоки од повеќе годишниот просек) Врнежите исто така ширум Балканот, вклучувајќи ја и Македонија ќе бидат над просекот, односно очекувам повеќе врнежи во текот на есента и во нашиот дел од Европа, а постои поголема веројатност и за појава на временски непогоди и за локални поплави, прогнозира тој.

Како што објаснува метеопрогнозерот, ваквата ситуација е поради силното влијание на климатолошкиот и топол феномен (ЕЛ НИЊО) кој силно влијае на времето над европскиот континент. Силното влијание на Ел нињо ќе продолжи и во текот на есенските месеци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk