logo
logo
logo

ПО ТРАГЕДИЈАТА СО НОЖОТ ВО СКОПЈЕ - Неверојатно какви мерки се спремаат за училиштата!

Vecer | 03.09.2026

ПО ТРАГЕДИЈАТА СО НОЖОТ ВО СКОПЈЕ - Неверојатно какви мерки се спремаат за училиштата!

 Министерството за образование и наука и Град Скопје наскоро ќе ги презентираат мерките, со кои ќе се намали и спречи врсничкото насилство меѓу децата и учениците, најава денеска скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски. Тој на промоцијата на новите возила за комунална хигиена одговараше на прашање за сузбивање на врсничкото насилство меѓу децата, учениците, каков што и беше последниот случај во Скопје, а во  кој 13 годишно момче беше прободено со нож и се бори за  живот. 

- Спремаме уште еден поголем сет на мерки заедно во соработка со министерката за образование,Ј аневска, со која имаме одлична соработка, но и силна, силна поддршка во тој дел, така да во наредниот период ќе излеземе со цел сет на мерки и ќе бидете сведоци на она што ќе го започнеме како процес, а ќе влијае. Убеден сум, на долг рок за што помалку случаи такви да имаме - изјави Ѓорѓиевски. 

Тој истакна дека во процесот имаат вклучено и многу експерти и како што рече „за многу скоро од денес ќе излеземе со сериозна, јасна платформа како Град Скопје“. Посочи и дека експертските тимови ќе работат со учениците, но ќе работат и со родителите.

- Некогаш вината би рекол е кај дел од децата, но многу почесто е вината кај родителите, кои што за жал на таков начин дозволуваат да се однесуваат децата. Но, ќе дадеме сè од себе за да помогнеме во тој процес. Знаете дека јас како градоначалник на Град Скопје една од оние работи кои што ја направив изминатиов период е да нема телефони присутни на наставата во средните училишта - изјави Ѓорѓиевски, по промоцијата на новите возила за собирање на комунален отпад. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk