Четириесет и петгодишен жител на гостиварското село Здуње пријавил дека бил изложен на закани со огнено оружје и обид за физички напад во менувачница во Гостивар.
Според пријавата во ОВР Гостивар, инцидентот се случил на 17 ноември, околу 15:20 часот, во менувачница во сопственост на А.Ф. По претходни недоразбирања, сопственикот на менувачницата, според пријавеното, се обидел физички да го нападне Д.И. и му упатил закани со огнено оружје. Пријавителот навел дека подоцна А.Ф. дошол и во неговата канцеларија, каде што повторно му се заканувал. Случајот бил пријавен во полиција на 18 ноември, а од МВР информираат дека се преземаат мерки за негово расчистување.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата