logo
logo
logo

3 ХЕЛИКОПТЕРИ ГО ГАСНАТ ПОЖАРОТ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ЧУЧЕР САНДЕВО

Vecer | 07.07.2025

3 ХЕЛИКОПТЕРИ ГО ГАСНАТ ПОЖАРОТ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ЧУЧЕР САНДЕВО

Од Центарот информираат дека утрово се активни 4 пожари. Покрај овој во Општина Чучер Сандево активни пожари има и кај прилепското село Бешиште, потоа во општина Македонски Брод: кај селото Црешнево и под Солунска глава во општина Чашка.

Утрово 3 хеликоптери го гаснат пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево, селата Чучер и Блаце, иформираа од Центарот за управување со кризи.

„На пожарот дејствуваат и силите на противпожарни екипи на Град Скопје, комуналното претрпијатие и екипа на Црвен крст со еден базен од кој хеликоптерите полнат вода“, се  наведува во соопштението.

Се претпоставува дека пожарот е предизвикан од отпушок или е подметнат.

– Од мое непосредно забележување можам да кажам дека овој пожар изби непосредно до магистралниот пат кон Блаце и можна причина е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или намерно потпалување. Затоа, апелираме до граѓаните да се однесуваат совесно и никогаш да не фрлаат отпушоци од цигари надвор од возило, дури и тогаш кога се убедени дека се изгаснати – изјави директорот на  Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Од Центарот информираат и дека утрово се активни 4 пожари. Покрај овој во Општина Чучер Сандево активни пожари има и кај прилепското село Бешиште , потоа во општина Македонски Брод: кај селото Црешнево и под Солунска глава во општина Чашка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk