Како што јавува Агенцијата БГНЕС; трите најголеми политички сили во Европскиот парламент, Европската народна партија, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите и „Обнова на Европа“ се согласија да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на Северна Македонија.
За македонскиот премиер Мицкоски и ова не е доволно добро решение но, секако подобро отколку да се изгласаше став за “модерен“ македонски јазик и идентитет.
Се очекува мнозинството во пленарната сала во Стразбур да ги поддржи амандманите на извештајот следната недела.
Со тоа завршува неуспешен бугарскиот обид да се релативизира македонскиот јазик со категоризирање како “модерен“ со што би се поткопала истриската подлога и низа на јазикот, а оттаму и на македонската нација.
Во Брисел, централна тема од Балканот, ќе биде притисокот врз Србија кој, по неколкумесечните “студенстски“ протести кои не завршија со очекуван резултат сега се сели во Брисел како дипломаски процес на притисок за изолација на српската власт во регионот.
Агенцијата потсетува дека нацрт-резолуцијата на Европскиот парламент, заснована на извештајот на Томас Вајц, директно ја нагласува целта на српскиот геополитички проект за доминација на Балканот. Тој не е само економски, туку има за цел и промена на државните граници во регионот и ги вклучува Република Српска, Црна Гора, Косово и Северна Македонија.
Точката 80 од извештајот изразува: „загриженост за проектот „Српски свет“ и фактот дека претставниците на владата на Северна Македонија го поддржуваат и го промовираат овој концепт; учеството на состаноци насочени кон воспоставување сфера на влијание што го поткопува суверенитетот на другите држави и стабилноста во регионот е осудено“.
Во точка 81 се наведува: „потребата од отворање на архивите на југословенските тајни служби (УДБА и КОС – од времето на југословенскиот диктатор Тито по 1945 година – ур.), кои се чуваат и во Северна Македонија и во Србија, како и потребата овие архиви да се отворат на регионално ниво со цел да се надмине тоталитарното минато на транспарентен начин, со цел зајакнување на демократијата, одговорноста и институциите на Западен Балкан.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата