logo
logo
logo

Приведен Австриец на Табановце: НОСЕЛ ОРУЖЈЕ И МУНИЦИЈА ВО КАМПЕР

Vecer | 08.10.2026

Приведен Австриец на Табановце: НОСЕЛ ОРУЖЈЕ И МУНИЦИЈА ВО КАМПЕР

На 07.10.2026 во 18.00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода П.Р.(62) од Австрија.

‒ При гранична контрола и преглед на возило кампер „фиат“ со приколка со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени еден гасен пиштол, еден револвер, пакување со 90 дијаболи и пакување со 22 иницијативни каписли, информира МВР.

За настанот е запознаен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk