logo
logo
logo

За аболициите и прогонот од СЈО

Стазбур пресудува, се чека ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГИ ПОВИКА ОД СДСМ ДА СЕ ЈАВАТ НА ГЛАВНА КАСА

Vecer | 24.06.2026

Стазбур пресудува, се чека ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГИ ПОВИКА ОД СДСМ ДА СЕ ЈАВАТ НА ГЛАВНА КАСА

Судот за човекови права во Стразбур денеска (23.06.2026) соопшти дека на обвинети од СЈО (поранешното специјално обвинителство) им било прекршено правото на фер судење.

Во соопштението на Судот во Стразбур, никаде не е наведено дека аболициите од Претседателот Иванов биле незаконски, а поништувањето на истите е направено заради притисок од јавноста.

Бидејќи денес, повторно СДСМ и нивната пропагандна машинерија сакаат да создадат смут со спинови во јавноста, ќе мора да објасниме да разберат сите и да повикаме:

1. Обвинителството и Судот веднаш треба да ги реактивираат постапките за Зоран Заев за 2 кривични дела, Зоран Верушевски - 2 кривични дела, неговата сопруга Соња, Божидар Јанковскиза даночно затајување од 320.000 евра, Бранко Црвенковски и уште куп други лица од СДСМ, бидејќи самите побараа поништување на помилувањето и го добија како оправдано. 

Меѓу аболицираните со тогашната одлука на Иванов се поранешните специјални обвинители Лиле Стефанова, Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи - кои заминаа во историјата како кримогена организација која работела надвор од закон. 

2. Да претпоставиме (во оваа пропагандна војна на СДСМ) дека аболициите на Иванов биле незаконски. Тоа би значело дека претседателот одлучил надвор од неговите ингеренции (што секако не е случај). Но, тоа не значи дека кривичните постапки од правосудниот систем против горенаведените лица биле незаконски. Напротив, треба да се продолжи со кривичниот прогон. Ова официјално тогаш го соопшти и тогашниот претседател Ѓорге Иванов - дека не запираат кривичните постапки поради нанесена штета против лицата кои биле аболирани и побарале поништување на помилувањето.

Одиме по ред.

Поништувањето на претседателските помилувања беше оправдано, но правата на фер судење беа прекршени за двајца од тројцата подносители на барањето“, се вели во денешното соопштение на Судот за човекови права во Стразбур.

Судот понатаму наведува:

„Во случајот Талески и други против С. Македонија, Судот утврди дека немало повреда на правото на фер судење поради законската интервенција со која се дозволи поништување на претседателските помилувања и продолжување на кривичната постапка против подносителите на барањето.“

Судот, исто така, утврдил дека имало повреда на правото на фер судење на обвинети од СЈО затоа што им биле криени документи, односно не им се доставувале навреме сите документи кои би им овозможиле правично судење и еднаквност на орудијата во кривичните постапки:

„- повреда на правото на фер судење во однос на правото на противничко судење поради тоа што на еден од подносителите на барањето, г-дин Митровски, не му беше доставена копија од поднесоците на повисокиот обвинител;

и

- повреда на правото на фер судење во однос на правото на противничко судење поради тоа што на друг од подносителите на барањето, г-дин Јанакиески, не му беше доставена копија од поднесоците на повисокиот обвинител“.

Случајот се однесуваше на законска интервенција, Законот за помилување од 2016 година, кој дозволи поништување на претседателските помилувања што им беа доделени на подносителите шест недели претходно и кои, во тоа време, се сметаа за конечни и неотповикливи. Како последица на тоа, помилувањата беа поништени, а подносителите на барањето, кои беа јавни службеници, беа гонети за злоупотреба на службена положба и овластувања и разни изборни прекршоци. Случајот се однесуваше и на правичноста на тие кривични постапки.

АБОЛИРАНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ОД СДСМ ПОБАРАА ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОМИЛУВАЊЕТО, СУДОТ И ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВЕДНАШ ДА ГИ РЕАКТИВИРААТ ПОСТАПКИТЕ 

Накусо, да се потсетиме на аболицијата.

СДСМ на 9 февруари 2015 година почна со јавни објави на незаконски прислушкувани туѓи телефонски разговори вршејќи и со самите објави ново кривично дело. Тоа беше политички проект на СДСМ за преземање власт со помош на незаконски средства - прислушкување по барање на Зоран Верушевски што се потврди со изјави пред судот од него и од неговиоте двајца соработници во МВР, поседување на тој криминално стекнат аудио материјал од страна на СДСМ и негова јавна употреба и создавање на СЈО кое, потоа, по добивање на аудио снимките и кривични пријави од СДСМ до СЈО почна со прогон на луѓе по список добиен од СДСМ.

Во април 2016 година тогашниот претседател Ѓорѓи Иванов донесе одлука за аболиција, престанок на било каков процес на истрага или прогон, како и судење за постапки водени од СЈО против 54 лица.

Меѓу овие 54, освен функционери на ВМРО ДПМНЕ, помилување од прогон доби и Зоран Заев за две кривични дела, како и Божидар Јанковски, сопругот на Радмила Шеќеринска, за даночно затајување од околу 320.000 евра и Зоран Верушевски за две кривични дела и Бранко Црвенковски.

Оваа одлука предизвика остри реакции во јавноста и доведе до тоа самиот Јанковски, како и дел од другите аболирани лица, да поднесат барање за нејзино поништување, па да се пишманат, па така се во круг. Но, ништо не ги вади ниту во едниот ниту во друфиот случај.

Одлука за Аболиција на Зоран Заев
Одлука за Аболиција на Зоран Заев
Одлука за аболиција на Зоран Верушевски
Одлука за аболиција на Зоран Верушевски
Одлука за аболиција на Лиле Стефанова, Гаврил Бувески и Фатиме Фетаи и останатите обвинители од СЈО, поврзани со малтретирање во служба и со нудење поткуп заради обезбедување невистинити изјави. Од кривичен прогон се ослободуви и Ѓорѓи Лазаревски, а Звонко Костовски кој призна дека незаконски следел комуникациите и истите му ги предал на Верушевски е амнестиран од издржување на затворска казна. Костовски беше осуден на три години затвор откако беше осомничен за шпионажа и неовластено прислушување и прифати судска спогодба

Одлука за аболиција на Зоран и Соња Верушевски, Ѓорѓи Лазаревски, Бранко Палирфов. После „Големото уво“, аферата со прислушување со која Бранко Црвенковски се врати на власт, Зоран Верушевски со одлука на претседателот на државата Ѓорге Иванов успеа по втор пат да избегне одговорност пред законот. Со одлуката на Иванов се прекинува кривичниот прогон и против актуелниот претседател на СДСМ Зоран Заев за случаите „Пуч“ и „Поткуп“, како и против поранешниот Црвенковски чиј предмет „Надеж“ исто така беше преземен од Специјалното јавно обвинителство.

Одлука за помилување на Божидар Јанковски, сопругот на Радмила Шеќеринска и Бранко Црвенковски. Сопругот од 2009 до 2013 година самиот на себе си изнајмувал 4 станови сопственост на неговото семејство за суми кои се неколкупати повисоки од реалните. За станот на  Хаванска во Скопје, месечно, од Дајнерс, каде е управител на личната сметка си префрлал по 5300 евра. Само за овој стан, во периодот од 4 години, сопругот на Шеќеринска успеал да извлече од фирмата Дајнерс неверојатни 203 илјади евра. Над 100.000 евра за 5 години Бобо извлекол и  за станот на неговата мајка на Партизанска за кој месечно си плаќал по неверојатни 2.500 евра.

Образложението на Иванов беше дека прогонот на СЈО се темели на незаконски докази и постапки, а Заев и Божидар Јанковски беа помилувани заради помирување на силните поделби и тензии во општеството кои оневозможуваат политички дијалог и атмосефра на соживот.

Зоран Заев веднаш најави дека одлуката за аболиција од Ѓорѓи Иванов мора да биде поништена. Помилуван беше и Коста Крпач, опфатен во истрага на СЈО, кој на 2 јуни изврши самоубиство.

Под притисок на меѓународната јавност и СДСМ одлуката за аболиција беше потоа поништена, а на 29 јуни 2019 година СЈО поднесе 17 обвиненија за 18 предмети против 94 физички и 7 правни лица.

Со аболицијата беа опфатени 25 политичари: Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска, Никола Груевски, Сашо Мијалков, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски...

Зоран Заев за 2 кривични дела, како и Зоран Верушевски за 2 кривични постапки...Бранко Црвенковски една, Божидар Бобо Дајнерс за даночно затајување од 320.000 евра...

СЈО замина во историјата како кримогена организација која работела надвор од закон, вршела рекет и незаконски проневерила 4,6 милиони евра, пари поделени меѓу обвинителите и нивините соработници.

Сето тоа реализирано и под покровителство и со поддршка на извршната власт на СДСМ за чии потреби е вршен политички прогон на стотици луѓе. СЈО гонеше луѓе за политички цели, и тоа не само оние кои се судат туку и со 93 дополнителни предмети, дури и откако им истече мандатот за нови истраги и обвиненија што е дополнително кривично дело од страна на обвинителите од СЈО.

Зоран Заев беше аболиран за криминал од 8 милиони евра од поранешниот претседател Бранко Црвенковски во 2008 година.
Зоран Заев беше аболиран за криминал од 8 милиони евра од поранешниот претседател Бранко Црвенковски во 2008 година.

Заклучок - да се вратиме на почетокот од овој текст:

1. На обвинетите од СЈО им е прекршено правото на фер судење, соопшти Старзбур

2. Аболициите од Иванов не се незаконски, соопшти Стразбур

3. Аболираните функционери од СДСМ кои побарале поништувањето на аболициите не се зашитетни од кривичниот прогон и праводусниот систем треба да ги реактивира

4. Уставниот суд пресуди дека аболииците од Иванов не се враќаат во живот - што значи дека кривичниот прогон треба да си продолжи

5. Ако аболициите биле незаконски (што секако дека не се) - кривичните постапки биле законски и кривичниот прогон треба да си продолжи.

ОБВИНИТЕЛСТВОТО Е НА ПОТЕГ ДА ЗАТВОРИ МНОГУ МРАЧНО СОПСТВЕНО ПОГЛАВЈЕ И ДА СЕ ИСЧИСТИ СЕБЕСИ ОД КАНЦЕРОТ КОЈ ГО ЈАДЕ ЗА 1% ДОВЕРБА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk