logo
logo
logo

ЗНАЕЛ ЛИ ДО ВЧЕРА БИЛО КОЈ ОД ВАС КОЈА Е КАЈА ШУКОВА?! Не, а била министер за екологија и животна средина

Vecer | 27.08.2025

ЗНАЕЛ ЛИ ДО ВЧЕРА БИЛО КОЈ ОД ВАС КОЈА Е КАЈА ШУКОВА?! Не, а била министер за екологија и животна средина

СДСМ за свој кандидат на изборите во Скопје ја избра Каја Шукова. Кој од вас знаел и слушнал за Каја Шукова пред СДСМ да ја спомне за кандидат на локалните избори?! Можеби ненјзините роднини, блиски колеги,  и раководтсвото на СДСМ, а Каја Шукова била министер во владата на СДСМ и ДУИ Влада на Зоран Заев и вршителот на должност премеир Димитар Ковачевски оценета како една од најкорупираните во Европа, веднаш зад Украина и Молдавија... Без никаков проект и реализација за време на својот мандат, спомнувана само во црните хроники при сомневања за корупција.

Јавно е познато дека е блиска и одработувала за електро бизнисте на смејството Заеви и функционери на СДСМ и ДУИ.

Каја Шукова како Министер за животна средина има дадено стотици позитивни мислења за поставување на фотоволтаични централи низ Македонија, истите тие фотоволатични централи доминанатнои се на луѓе блиски од СДСМ и ДУИ и нивни роднини? Синот на Зоран Заев, со 20 години взораст, има таква фирма со анјицок профит во Македонија!

Помеѓу останатото јавноста уште чека одговор: Дали Каја Шукова е вмешана во давањето мислење за поставување на фотоволтаична централа на браќата на Венко Филипче и Зоран Заев во Дојран? Дали поврзаноста со бизнисите на Заеви и Филипче, всушност е и причината поради која таа е врзана во кругот во СДСМ од кој не може да излезе, немала избор како Мишко Ралев кој ја одбил понудата да биде кандидат на СДСМ за Скопје?“

Каја Шукова како министер кој одговарал за екологија и животна средина имала години време да се покаже. и не се покажала. Веројатно токму поради тоа таа е и последниот лик кој може да каже дека Скопје е валкано и загадено затоа што имала шанса од функцијата која јај држела да го направи поинакво но, не сторила ништо.

Шукова позната како трујач на скопјани се слика кај „ОХИС“, најголемата рана на Скопје – депонија со линдан која нејзината партија СДС ја премолчуваше, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова.

Во врска со нејзините ПР настапи се огласија од ВМРО ДПМНЕ: „Екс-министерката Шукова позната како трујач на скопјани, кога веќе реши да позира покрај „ОХИС“, нека се потсети дека таму стои најголемата отворена рана на Скопје – депонијата со линдан, канцерогената бомба што со години го труе нашиот град, а таа и нејзината партија ја премолчуваа.

А кога веќе спомнува кафе и прошетки, нека застане и во „ТИТАН Усје“, таму каде што СДС и ДУИ, заедно со неа, имаа одлична „соработка“ во труењето на скопјани.

Токму таа ќе остане запаметена по скандалозниот предлог за увоз на отпад од цела Европа и негово согорување во Македонија.

Замислете, со европско знаменце, директно потпишано од СДС-ДУИ.

Тоа беше нивниот план за градот и за граѓаните!

Кандидатката во обид, пуштена од сопствената партија само за да изгори, денес се обидува да зборува за инфраструктура. Нека не се грижи, булеварите ќе бидат завршени и тоа експресно, но од идниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Канцерот на скопјани, СДС и нивното време завршува.

Единственото нешто што можат да поправат се сопствените редови по силниот пораз“, пишува во реакцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk