Поради влијание на топол бран, во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно, сончево и многу топло време. Највисоките температури се очекуваат во првата декада од август, кога во одделни делови од земјата живата во термометарот локално ќе достигне и до 40 степени, најавуваат од УХМР.

Денеска пак ќе биде претежно сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец се најавува за денес. Според прогнозата на УХМР, утринските температури ќе се движат меѓу 11 и 21 степен, додека максималните дневни ќе достигнат од 31 до 38 степени.
Во Скопје се очекува сончево и топло време со слаб променлив ветер. Утринската температура ќе биде околу 18 степени, а дневната ќе достигне до 35 степени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата